Користиме колачиња за да се осигуриме дека нашата веб-страница работи правилно, да ги персонализираме содржините и рекламите, да овозможиме функции за социјално вмрежување и да го анализираме мрежниот сообраќај. Споделуваме информации за вашето користење на нашата веб-страница со нашите партнери за социјални медиуми, рекламирање и аналитика.
Geely е прогласен за најиновативен производител на електрични возила според CAM извештајот
16.01.2026

Според најновиот CAM извештај за електромобилност, Geely Group е рангирана како најиновативен производител на електрични возила меѓу 36 водечки автомобилски компании на глобално ниво. Во извештајот се анализираат сериските иновации кај батериските електрични возила (BEV), како и продажните резултати на најголемите производители во 2025 година.
Истражувањето го спроведе Центарот за автомобилски менаџмент (Centre of Automotive Management – CAM) при Универзитетот за применети науки за економија (FHDW) во Бергиш Гладбах, Германија. Под раководство на проф. д-р Стефан Брацел, експертскиот тим ги анализираше најновите сериски иновации кои водечките производители ги воведоа во сегментот на електричните возила.
Во рамките на анализата беа евидентирани и оценети вкупно 713 сериски иновации кај BEV моделите. Geely Group, со брендови како Lotus, Polestar, Volvo и Zeekr, го зазеде првото место со вкупно 193 индексни поени, врз основа на 72 иновации.
На второто место се најде германската Volkswagen Group со 153 индексни поени, додека кинеските производители BYD и SAIC (со брендови како Maxus и MG) ги заземаат третото и четвртото место. Германските BMW и Mercedes-Benz се пласираа на петтото и шестото место.
Топ 10 листата, покрај кинеските и германските производители, ја дополнуваат и компании од Франција, Јужна Кореја и САД. Hyundai е на седмото место, Tesla на осмото, Renault на деветтото, а General Motors на десеттото место.
CAM истакнува дека успехот на Geely е резултат на континуирани технолошки унапредувања, особено во однос на автономијата, перформансите на батериите и енергетската ефикасност. Преку брендови како Zeekr и Polestar, групацијата воведе нови батериски системи и постојано ги подобруваше перформансите низ повеќе генерации модели.
„Иновативната сила кај електричните возила е клучен показател за идниот развој на продажбата во BEV сегментот. Производителите кои се фокусираат на сериски подготвени, практични и кориснички ориентирани решенија создаваат стабилна основа за одржлив раст“, изјави раководителот на студијата, проф. д-р Стефан Брацел.
Истражувањето покажа и јасна поврзаност помеѓу иновативната сила и продажните резултати. Производителите со постојано растечка иновативност во 2025 година забележале надпросечен раст на продажбата на електрични возила, додека оние со послаби иновациски перформанси почесто губеле пазарен удел.
Како лидер во иновациското рангирање, Geely (вклучувајќи ги Volvo и Polestar) оствари значаен раст во 2025 година, зголемувајќи ја продажбата на BEV возила за повеќе од 60%, до 1,29 милиони продадени единици. Уделот на електричните возила во вкупната продажба на групацијата достигна 31%, што дополнително ја потврдува силната позиција на Geely на глобалниот пазар.