Прескокни до главната содржина

Резервирајте тест возење

00.
Изберете го возилото што сакате да го тестирате

Промена на возилото

01.
Каде и кога сакате да го тестирате возилото?

Скопје - DELFINO RENT-A-CAR D.O.O.E.L.

Претпочитан датум

Избраниот застапник наскоро ќе ве контактира и ќе ги договори сите детали со Вас.
Преглед

До
430 км*
досег (WLTP)

Брзо полнење
20 мин**
Од 30 % до 80 %

Забрзување
7,1 сек
Од 0 до 100 км/ч

Дизајн што инспирира

GEELY E5 е создаден да ги проширува границите, комбинирајќи извонреден дизајн, најсовремени технологии и внимателно осмислен комфор.

GEA - Глобална интелигентна електрична архитектура

GEA е интелигентна платформа што ја оптимизира енергетската ефикасност, безбедноста, вештачката интелигенција и перформансите за интелигентно и динамично возење.

Интелигентно возење, подобрена безбедност

Доживејте ново ниво на самодоверба на патот со напредните ADAS системи во GEELY E5.

GEELY E5 Адаптивен круз контрол со одржување растојание (ACC)

Адаптивен круз контрол со одржување растојание (ACC)

Одржува безбедно растојание до возилото пред вас преку автоматско регулирање на брзината, овозможувајќи мазно и помалку стресно возење.

GEELY E5 Асистент за итно сопирање (AEB)

Асистент за итно сопирање (AEB)

Открива потенцијални судири и автоматски ги активира сопирачките за да спречи или намали влијание од инциденти, подобрувајќи ја безбедноста во критични ситуации.

GEELY E5 Асистент за промена на лента (ALCA)

Асистент за промена на лента (ALCA)

Системата за автономна промена на лента на автопат обезбедува најудобно патување, откривајќи побавен сообраќај и изведувајќи мазна и безбедна промена на лентата.

GEELY E5 Предупредување за попречен сообраќај одзади (RCTA)

Предупредување за попречен сообраќај одзади (RCTA)

Ја подобрува безбедноста при возење наназад со откривање на возила што се приближуваат одзади. Системот ве предупредува за потенцијални опасности, овозможувајќи ви да маневрирате со самодоверба.

GEELY E5 Асистент за задржување во лента (LKA)

Асистент за задржување во лента (LKA)

Преку препознавање на патната сигнализација ви помага да останете во соодветната лента. Во случај на ненамерно излегување од лентата, системот ве предупредува и го враќа возилото назад во лентата.

GEELY E5 Откривање на мртва точка (BSD)

Откривање на мртва точка (BSD)

Активно ги следи мртвите агли и ве предупредува за возила што можеби не ги гледате.

GEELY E5 Асистент за избегнување судири (EMA)

Асистент за избегнување судири (EMA)

Брзо реагира на потенцијални судири со тоа што обезбедува потребни корекции на управувањето за да помогне во избегнување на пречки.

GEELY E5 Предупредување за отворена врата (DOW)

Предупредување за отворена врата (DOW)

Ве предупредува при отворање на вратата доколку се приближува возило или друга пречка.

Испробајте ја врвната технологија лично!

Дизајниран за безбедност

Geely E5 NCAP

Geely E5 со 5 ѕвезди Euro NCAP

Geely E5 ја доби највисоката оцена од пет ѕвезди на безбедносните тестови Euro NCAP, со што ја потврди својата посветеност на врвната заштита на патниците и другите учесници во сообраќајот. Напредните системи за помош на возачот од ниво 2 (L2 ADAS), робусната конструкција на возилото и ексклузивната структура на Geely за распределба на енергијата "Cloverleaf" го вбројуваат меѓу најбезбедните електрични SUV модели во својата класа.

Безгрижност

Се погриживме користењето и поседувањето на возилото GEELY E5 да бидат удобни и безгрижни во секој поглед. Гаранцијата за целото возило, во согласност со условите наведени во гарантната книшка, изнесува 6 години или 150.000 km, во зависност од тоа што ќе настапи прво, додека гаранцијата за батеријата изнесува дури 8 години или 150.000 km, во зависност од тоа што ќе настапи прво.

Geely Starray E5
Geely Starray E5

Употреба на мобилната апликација

Испробајте ја врвната технологија лично!

Искористете ја промотивната понуда СЕГА!

Сликите и видеата се симболични и информативни. Сите податоци и информации наведени на страниците и во документите се подложни на промени. Го задржуваме правото на грешки во текстот.