Прескокни до главната содржина
Почетна страница > Совети > Како да ги активирате интернетот и апликацијата за Geely E5 и Starray EM-i?

Како да ги активирате интернетот и апликацијата за Geely E5 и Starray EM-i?

Како да ги активирате интернетот и апликацијата за Geely E5 и Starray EM-i?

Интернет конекцијата во возилото и можноста за користење на мобилната апликација не се активирани пред продажбата на возилото, па затоа е потребна активација откако ќе го преземете возилото. Ова може да го направи исклучиво овластениот Geely дилер од кој е купено возилото.

Подолу се наведени неколку важни информации и точните чекори што треба да ги следите:

  1. Преземете ја апликацијата од Google Play Store или Apple App Store и инсталирајте ја на вашиот паметен телефон.
  2. Регистрирајте кориснички профил со вашата е-mail адреса.
  3. Контактирајте го или посетете го овластениот Geely дилер од кој го имате купено возилото.
  4. Дилерот ќе ја внесе вашата е-mail адреса во фабричкиот систем заедно со VIN бројот на вашето возило.
  5. Во возилото потребно е да се активираат двете опции: „Connected Services“ и „Vehicle Location Sharing“, кои се наоѓаат во менито: 

Vehicle Settings → Privacy and Permissions → Connected Services / Vehicle Location Sharing

  1. По 2–3 дена, 4G функцијата во возилото ќе биде активна, а вашето возило ќе се појави во апликацијата. 

Ве молиме имајте предвид дека активирањето на овие услуги може да се изврши само и исклучиво преку овластениот Geely дилер, кого треба да го контактирате за активација на оваа опција.

Исто така, би сакале да напоменеме дека користењето интернет сообраќај преку модулот инсталиран во возилото е ограничено на 3 GB месечно и првенствено е наменето за ажурирање на софтверот и мапите во возилото.

Ви посакуваме многу уживање со вашето ново Geely возило!