Користиме колачиња за да се осигуриме дека нашата веб-страница работи правилно, да ги персонализираме содржините и рекламите, да овозможиме функции за социјално вмрежување и да го анализираме мрежниот сообраќај. Споделуваме информации за вашето користење на нашата веб-страница со нашите партнери за социјални медиуми, рекламирање и аналитика.
Брендовите на групата Џили во првото тримесечје на 2025 година постигнаа 31 годишен раст на продажбата – продадени 946627 возила
18.04.2025

Групата Zhejiang Geely Holding Group (Geely Holding) објави дека вкупната продажба во првото тримесечје на 2025 година за сите нејзини автомобилски брендови достигнала 946.627 возила, што претставува 31% зголемување во споредба со претходната година. Geely Holding во првото тримесечје продал 463.372 електрифицирани возила со нова енергија (NEV), што значи 83% годишен раст и претставува 49% од вкупната продажба.
Групата веќе второ тримесечје по ред ја надмина границата од 900.000 продадени возила, што потврдува силната конкурентност на нејзините брендови и производи. Продажбата на електрифицирани возила во март 2025 година достигна рекорд, бидејќи претставуваше дури 52% од вкупната продажба на Geely Holding.
Детали за продажбата на возила
Geely Auto, холдиншката компанија која е котирана на берзата во Хонг Конг (HK.0175) и покрај брендот Geely ги вклучува компаниите Lynk & Co и Zeekr, во првото тримесечје продала вкупно 703.824 возила, што е околу 48% зголемување во споредба со претходната година. Продажбата на брендот Geely достигнала 589.813 возила, што претставува 55% годишен раст. Lynk & Co, премиум бренд на компанијата, продал 72.608 возила, што е 19% годишен раст. Висококвалитетниот бренд за електрична мобилност на компанијата, Zeekr, продал 41.403 возила, што претставува 25% раст во споредба со истиот период лани.
Клучни истакнувања за возилата
Градскиот електричен SUV Geome Star Wish (не се продава во Европа) на брендот Geely во март достигнал рекордна продажба од 32.490 возила, а неодамна започнале да се примаат преднаредби за премиум шесто-седишниот средно голем SUV модел Lynk & Co 900 (не се продава кај нас). Покрај тоа, неодамна беше претставен и новиот глобален експонат модел на брендот Zeekr – Zeekr 9X.
Глобално проширување на брендовите Geely, Lynk & Co и Zeekr продолжува да се забрзува во 2025 година.
Продажбата надвор од Кина достигнала 89.953 возила. Моделот Geely EX5 (се очекува да пристигне кај нас до летото) беше последователно лансиран во Индонезија, Австралија, Нов Зеланд, Виетнам и Латинска Америка и во Тајланд, каде што првите купувачи веќе ги добија. Zeekr официјално влезе на египетскиот пазар со моделите Zeekr 001 и Zeekr X. Lynk & Co се прошири на брзо растечките пазари на Лаос и Доминиканската Република и го лансираше својот најнов модел Lynk & Co 08 EM-P во Европа (предвидува се да пристигне кај нас во јули).
Volvo Cars во првото тримесечје глобално продал 172.219 возила, од кои 74.483 биле електрифицирани, што претставува 43% од вкупната продажба. Глобалната продажба на брендот Polestar во истиот период достигнала 12.204 возила, што значи околу 76% годишен раст. Farizon, производител на електрични доставни возила, продал 26.710 возила во светот, што претставува 62% раст во споредба со лани.